Австриските служби за итна помош трагаат по еден маж што се води како исчезнат во лавина. Снегот на планините во западниот дел на Австрија го отежнува сообраќајот на повеќе патишта.
На некои места во Тирол снежната покривка изнесува и до еден метар, што е исклучителна ситуација во средината на септември, а минатата недела беа забележани температури над 30 степени Целзиусови.
Додека во јужна Австрија ветерот достигна брзина до 146 километри на час, а во северниот дел наврна 170 литри дожд на метар квадратен.
Пожарникарите во Виена во изминатите 24 часа интервенирале околу 150 пати во чистење на одводните канали и испумпување на вода.
Поради невремето од безбедносни причини е затворено најпосетуваното место во Австрија – Паркот Шенбрун.
Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека врвот сè уште не е достигнат, а дел од североисточниот дел на земјата е класифициран како зона на природна катастрофа.