Кина денеска го погуби Џао Џевеј кој беше осуден затоа што влегол во средно училиште со ножеви и убил 9 деца, а 11 ранил.
Трагедијата се случила во април во провинцијата Шенси. Судот експресно го осудил во јули, а смртната пресдуа е извршена во округот Минџи.
ао рекол дека ги понел ножевите во своето бившо училиште за да ги исфрли фрустрацијата и бесот поради лошата среќа во животот и малтретирањето на кое бил изложен додека учел.
Ваквите мотиви Врховниот суд ги оценил како вредни за презир и се решил за смртна казна.
Ројтерс јавува дека Кина не го обајвува бројот на извршените смртни казни, но се смета дека тој број е еднаков на збирот на смртни казни во сите други држави.