На 11.05.2026 во 21:28 часот во СВР Штип е пријавено дека на регионалниот пат во с.Ратавица, кај место викано „Глобица“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „југо“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Г.С.(56) од Кочани и патничко возило „пежо“ со кочански регистарски ознаки, управувано од А.М.(29) од Кочани.

-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на патничкото возило „југо“, кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип, каде им подлегнал на повредите. Лекар констатирал смрт, информира МВР.

Кај неговиот сопатник С.С. и возачот на патничкото возило „пежо“ се констатирани телесни повреди.

Извршен е увид од увидна екипа на СВР Штип.