Во тек е спасувачка акција на планината Света Гора, каде еден маж е заробен на непристапно место.

На терен се бројни противпожарни бригади кои се обидуваат да дојдат до мажот.

Спасувачките екипи биле алармирани околу пладне, но тој се уште не е извлечен, пренесуваат медиумите во регионот.

На помош биле повикани и членови на планинарската служба.

Не се знае дали мажот е повреден, ниту како завршил на непристапниот терен.