Мажите мразат кога ќе се „исечат“ додека се бричат, но многумина не знаат дека постои трик што може да ја намали веројатноста тоа да се случи.

Ако се избричите наутро пред појадок, кожата ќе биде пофлексибилна и помалку чувствителна.

По појадокот, почетокот на работата на дигестивниот систем ја забрзува функцијата на срцето, што генерално ја подобрува циркулацијата на крвта и затоа го зголемува ризикот од посекотини.

Друг начин да се намали ризикот од повреда е употребата на топла вода пред бричење, но не и ладна.

Топлата вода ги отвора порите, што значи дека полесно ќе се избричите.

Кога во прашање се производи по бричење, нивната употреба треба да зависи од видот на кожата.

За чувствителна кожа треба да се користи по бричење лосиони и балзам, додека за сува кожа, кремите се посоодветни.

Во летото одлична опција се гелови, бидејќи тие ја ладат кожата подолго.