Француската ѕвезда Килијан Мбапе одби да ја коментира својата иднина по победата од 4:0 над Андора во четвртото коло од квалификациите за ЕП 2020.
Напаѓачот објави дека новинарите редовно го прашувале за Реал Мадрид, но тој беше категоричен дека сега не е време да се зборува за „кралскиот“ клуб.
Името на Мбапе е поврзувано со „белиот балет“ од 2017 година па наваму. Но, тогаш младиот талент претпочиташе трансфер од Монако во Пари Сен Жермен.
– Сега не е време да се зборува за Реал Мадрид. Секогаш ме прашувате за истото, но сега не е време, инсистираше Мбапе.
Светскиот шампион со „петлите“ го одбележа првиот гол за успехот на Франција против Андор