Македонското друштво „Илинден“ со седиште во Тирана и огранокот за Голо Брдо до македонскиот државен врв и до сите Македонци каде и да се, упати честитка по повод Денот на независноста на Република Македонија 8 Септември.
Во неа се наведува дека со прогласувањето на независноста на Република Македонија, точно пред 28 години, се оствари сонот што многу генерации Македонци го сонувале.
-Денешниот ден потсетува на предизвиците што македонската нација успеала да ги надмине и да го оствари вечниот стремеж за независна Македонија и подобро утре. Овој прзник не потсетува на предизвиците кои македонскиот народ ги надминал,но и му два сила и мудрост да продолжи понатаму. Честит да ни е 28 роденден на нашата матична земја. Да е вечен, да го почитуваме и славиме овој голем ден, стои во честитката потпишана од претседателот на друштвото Никола Ѓурѓај и претседателот на разгранокот за Голо Брдо, Или Халилај.