Во тема на денот на Сител телевизија гостуваше кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ од Левица, кој одговараше на повеќе прашања поврзани со локалните избори и можните партиски поддршки во вториот круг локални избори.
На прашањето дали Левица ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ во Кичево, Александар Јовановски или ќе застане зад актуелниот градоначалник од ДУИ Фатмир Дехари, Мециновиќ избегна да даде конкретен одговор.
„Повторно портпаролската функција за овие избори ми е малку ставена на пауза, не дека нема да имаме став, ќе имаме став, но сметам дека сега не е местото јас да го коментирам ова, а затоа што имаме една голема обврска пред нас, а тоа е вториот круг за Град Скопје“, рече Мециновиќ.
Иако партијата во текот на кампањата жестоко го критикуваше ВМРО-ДПМНЕ дека во повеќе општини, како Тетово, Гостивар и Струга, немале сопствени кандидати со што индиректно ја поддржувале коалицијата Вреди, а сега токму Левица се наоѓа во истата позиција, која од жестоки критики преминува во тактички молк и го олеснува патот на ДУИ да ја задржи власта во Кичево.
Ваквиот одговор на Мециновиќ покажува дека Левица ќе го поддржи кандидатот Фатмир Дехари, со што очигледно е дека „неутралната“ Левица е најсилен сојузник на ДУИ во Кичево.




