Планот на американскиот претседател Доналд Трамп за ставање крај на војната во Украина ќе биде вклучен во руските учебници, изјави Владимир Медински, помошник на претседателот на Руската Федерација и еден од авторите на учебникот и претседател на Руското воено историско друштво.
„Извонредните напори што ги прави новата американска администрација за да се обиде разумно да го реши конфликтот во Украина и, воопшто, неверојатните трансформации во американската внатрешна политика на кои сега сме сведоци, несомнено ќе се појават на страниците на учебниците и од руската историја и од светската историја кога ќе се подготви следното издание“, рече Медински.
„Овде можеме да кажеме дека Трамп дефинитивно влезе во историјата“, додаде тој.
Медински смета дека нема право да ја коментира политиката на американскиот претседател, но истакна дека како набљудувач и историчар може да каже дека „живееме во историска ера“.
Претходно Трамп изјави дека Русија и Украина би можеле да склучат мировен договор во недела, на 27 април.
Во исто време, САД предупредија дека вашингтон, доколку мировните преговори пропаднат, ќе се повлече од преговарачкиот процес.
Фото: ЕПА