Околу 25.000 луѓе, претежно жени и деца, ги загубиле животите во Медитеранот во изминатите осум години. Тоа го нагласи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.
– Во изминатите осум години 25.000 луѓе, повеќето од нив жени и деца, ги загубија животите во подмолните води на Медитеранот, рече тој во видео обраќањето за време на затворањето на Меѓународниот фестивал за миграција, јави Анадолија.
Тој додаде дека тие луѓе тргнале со надеж за побезбедна иднина, меѓутоа, поголемиот дел од патувањата завршила со смрт.
– Судбината на околу 10.000 сириски деца кои бараат азил во Европа е непозната, додаде Ердоган.