Лидерот на Републиканската партија Фатмир Медиу на Национално собрание на партијата, во врска со дијалогот опозиција-власт, покрена иницијатива за формирање Национален комитет за европска интеграција. Тој уште со предлог, во Албанија да се применува „моделот на Македонија“ за преодна влада, 100 дена пред избори.

-Излезот од кризата доаѓа само со слободни и фер избори, рече Медиу, предлагајќи го формирањето на Националниот комитет за европска интеграција.

Исторскиот сојузник на демократите спомна и две познати имиња од албанската политичка сцена кои би раководеле со Комитетот, поранешните министри за надворешни работи, демократот Бесник Мустафај и социјалистката Арта Даде.

-Предлагам формирање Национален комитет за европска интеграција. Со Комитетот ќе претседаваат двајца поранешни министри за надворешни работи, Бесник Мустафај и Арта Даде. Во негов состав да бидат и поранешни премиери, поранешни министри за надворешни работи и за интеграција, поранешни претседатели на комитетите за евроинтеграции на Собранието, рече Медиу.

Според него, Комитетот покрај другото треба да постигне консензус за формирање преодна Влада 100 денови пред избори „според моделот на Македонија“ како позитвен договор што ќе гарантира слободни и фер избори.

Додаде дека дијалогот меѓу политичките партии треба да се одвива според деветте услови на Бундестагот.

Тој зборуваше за негативината одлука за преговори со ЕУ, нарекувајќи го 18 октомври еден од најдраматичните денови во политичката историја на Албанија.