Киевскиот режим продолжува да измислува за себе некакви „безбедносни гаранции“ за иднината, вели заменик-претседателот на Советот за безбедност на Руската Федерација, Дмитриј Медведев.
– Киевскиот режим продолжува да измислува за себе некакви „безбедносни гаранции“ за иднината. Или ќе одржат средба со поединечни соседи … на оваа тема, па пак ќе се сеќаваат на НАТО. На сите им е јасно дека ниту еден сосед не може да им даде никаква гаранција, дури и ако жестоко ја мразат Русија. И сега никој нема да ја прифати Украина во НАТО. Во Алијансата, иако има русофоби, тие не се самоубиствени. И ова е директен резултат на специјалната воена операција. Само договор со Русија може да обезбеди безбедносни гаранции, вели Медведев вообјавата на својот профил на Телеграм.
Но, додава Медведев, украинската влада, стимулирана од западните пари и ракети – го одби тоа.