Русија размислува да не купува ништо од непријателските земји и би можела да ја прошири листата на забранети производи, изјави заменик – претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев.
Тој предложи да се прошири листата на забранети производи од непријателските земји
– Не смееме да ги доставуваме нашите производи, вклучително и земјоделските производи, на нашите непријатели. И не смееме да купуваме ниту еден од нив (иако не сме купувале од нив од 2014 година, но списокот на забранети производи може да се прошири), напиша Медведев на Телеграм.