Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, денеска изјави дека Москва треба да го напушти својот „толерантен став“ кон евентуалното членство на Украина во ЕУ.
„ЕУ повеќе не е само економска унија. Може да се трансформира, и тоа доста брзо, во полноправен воен сојуз, отворено непријателски настроен кон Русија и во некои аспекти полош од НАТО“, рече Медведев.
„Време е да се откажеме од толерантниот став кон нашите соседи кои се приклучуваат кон она што сега е воено-економска Европска Унија“.
Медведев рече дека не верува оти САД ќе го напуштат воениот сојуз на НАТО, но дека Вашингтон може да преземе симболични потези како што е намалувањето на бројот на американски војници распоредени во другите членки на НАТО.
Рускиот политички ветеран, сепак, рече дека очигледните поделби во рамките на НАТО би можеле да ја поттикнат ЕУ да стане повеќе од само економска унија.
Фото: архива




