Цената на илјада метри кубни природен гас до крајот на годинава ќе достигне историски рекорд од 5.000 евра, прогнозира заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија, Дмитриј Медведев.
Тој претходно прогнозираше дека 2022 година ќе заврши со цена од 4.000 евра.
– Во врска со поскапувањето на гасот на 3.500 евра за илјада кубни метри, треба да ги зголемам прогнозните трошоци на 5.000 евра до крајот на 2022 година, напиша Медведев на Телеграм.
Тој објавата ја завршува иронично со англиската фраза „со топли поздрави– со топли желби“.
Цените на берзата на гасот во Европа се приближија до рекордни нивоа во позадината на ограничените испораки на овој енергенс од Русија, покажуваат податоците на лондонската берза ICE и операторите за пренос на гас. Цената за порамнување на фјучерсите на гас за септемвриска испорака (според TTF) изнесуваше 3.507,3 долари на последниот трговски ден во неделата – 26 август, што беше рекордна вредност за целиот период на работа на гасните центри во Европа – од 1996 година.
Бројката за неделата се зголеми за околу 1.000 долари, или за речиси 40 отсто. Во исто време, цените на гасот во петокот во моментот достигнаа 3.525,9 долари и направија уште еден чекор кон историскиот максимум од 3.892 долари.