Заменик-шефот на Советот за безбедност на Руската Федерација и претседавач на Единствена Русија, Дмитриј Медведев е сигурен дека претседателот на Украина, Володимир Зеленски ќе се соочи не само со редовниот, туку и со божјиот суд за нивните постапки.
– Сигурен сум дека тие ќе застанат не само пред човечкиот суд, туку пред сè пред неговиот (Божји) суд. И ќе добијат за се што направиле, изјави Медведев.
Тој денеска на својот канал на Телеграм напиша:
– И ѕверот беше фатен, а со него и лажниот пророк, кој правеше чуда пред него, со кои ги измами оние што го примија жигот на ѕверот и му се поклонија на неговиот лик: И двајцата беа фрлени живи во огненото езеро, горејќи со сулфур, го цитираше Медведев Откровението на Јован Богослов.