– Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од ВРЕДИ, Изет Меџити со објава на својот Фејсбук профил соопшти дека ја прифатил поканата за дуел на ТВ21 но, како што посочува, неговиот противкандидат од Националната алијанса за интеграција Бујар Османи ја одбил.
-Прифатив покана за дуел на ТВ21. За жал, ме информираа дека Бујар Османи одбил. Затоа вечер од 21 часот ќе ме гледате во интервју на ТВ21. Но, повикот останува: Бујар, не се плаши. Охрабри се, напиша Меџити на неговиот фејсбук профил.
Како што посочува во објавата, демократија значи да се соочиш пред граѓаните.
-Демократија значи да дозволиш народот да ги слушне различните визии, а не да се ограничиш во рамки што сам си ги наметнал. Ајде на дуел, Бујар. Граѓаните заслужуваат вистинска дебата, напиша Меџити.