Пратеникот на ДУИ, кој е член на „огнената група“, Изет Меџити, смета дека изјавата на Ковачевски дека мнозинството е стабилно не е точна и дека тој со таа изјава се труди да го зачува мирот на структурата во мнозинството, бидејќи, како што вели, и премиерот знае дека во новото мнозинство нема 64 пратеници.
-Ова укажува дека нема 64. За жал се докажува она што постојано го велев дека станува збор за политичка акробација, која не е поврзана ниту со Сојуз за Европа, ниту со зголемување или стабилизирање на мнозинството, бидејќи гледаме дека осуммина можат да влезат, но осуммина или повеќе излегуваат… Има најави и за повеќе (дека ќе излезат). Оваа бројка е многу далеку до обезбедување на 81 за уставните измени за евроинтеграциите.-вели Меџити.
Меџити додава дека освен него, и пратениците Мерита Коџаџику и Кастриот Реџепи не го поддржуваат влегувањето на АА во Влада.
Од СДСМ не очекуваат никакво изненадување од нивните пратеници при гласање за реконструкција на Владата. Цврсто се убедени дека сите социјалдемократи ќе гласаат „за“.