Македонија има деструктивна опозицијата со цел да ја дестабилизира државата. Наспроти тоа, новата Владата во првите 100 дена и покрај големите опструкции, успева да го исполни она што го ветила, порачуваат од коалицијата Вреди, по првите нешто повеќе од 3 месеци владеење. Вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, вели дека и покрај пречките кои ги поставува опозцијата, тие работат и ќе работат со цел подобар живот на граѓаните.
-Се соочуваме со една деструктивна опозиција, која секојдневно критикуваше без аргументи, безпредметно и се во функција на дестабилизација и дефокусирање. Не во интерес на граѓаните, туку како да се спасат од одговорност. Но и покрај тоа тие имаа и деструктивни иницијативи, иницијативи кои долго време по фиоките, изјави Меџити.
Владата пред неколку дена одлучи да ги забрани он лајн приредувачите на игри на среќа, што беше и едно од ветувањата во капмањата. Токму тоа го потенцираше и Меџити. Најави и дека истражните органи сериозно се занимаваат со можните криминали на претходната власт, дека ќе одговора секој кој се огрешил пред законот, без разликата на националната припадност.
-Еден од приоритетите ни беше да се забрани казино бизнисот и веќе евидентно е, после автентичното толкување во Собрание, има и одлуката на Владата за затворање на сите концесии, укинување на сите концесии за он лајн казина. Интензивно се работи на спорните предмети, со кои веќе се занимаваат судството и Обвинителството и оставаме да они да го кажат последниот збор, изјави Меџити.