Згрозен сум од пораките на Ахмети и јас кој го познавам 20 години повеќе не можам да го препознаам – вака потпретседателот на ДУИ и еден од фронтмените на таканаречената Огнена група, Изет Меџити ги коментираше пораките од синоќешниот митинг во Чаир.
Во телефонска изјава за ТВ24 Меџити не прецизира дали двете групации на интегративците дошле до црвената линија, но признава -политичка поделба има, ќе чекаат прво да видат дали ќе бидат исклучени па потоа ќе размислуваат што понатаму. Повикувајќи се на контакти , изјави, анкети, вели е убеден дека 90 отсто од членството размислувало како „огнените’ а и вчера на митингот имало се,само не чаирчани.
Ако нешто и потврди синоќешниот митинг е недвосмислената поддршка што лидерот Ахмети уште еднаш ја демонстрира за министрите од ДУИ и тоа во Чаир кој важи за бастион на огнените и му беше возвратена од Груби, Османи, Џафери како и од ветераните Асани, Алити и Адеми кои го почестија со своето присуство..Притоа не се штедеше на епитети за да се остави што поуверлив и посилен впечаток во јавноста за цврстата кохезија во ДУИ.
Еуфоријата продолжи и по митингот. Со постирани фотографии и двосмислена порака, најблискиот соработник на Ахмети, Артан Груби на Фејсбук напиша „Синиот океан на Чаир, му припаѓа самоп на Али Ахмети. Многу те сакам! , напиша Груби на социјалните мрежи.
Вчерашниот митинг на ДУИ е само кулминација на внатрепартиската битка која Груби и Меџити ја водат веќе неколку месеци, анализира ТВ Сител. Експертите согласни дека новите потреси на албанската политичка сцена нема да им донесат ништо добро на Албанците.
Од најавата на Груби дека Ахмети ќе ја изгради иднината во Чаир, митингот заврши со повик за европски фронт кој очигледно нема да обедини никој повеќе од оние кои сега се веќе обединети во рамки на владејачката коалиција
Двете опозициски партии во албанскиот блок му порачаа на Ахмети дека е подобро да поработи на обединување на ДУИ пред да ги обединува останатите.
„Повиците на Ахмети до Беса се политичка хипокризија која сме навикнати почесто да ја гледаме од Артан Груби. Човекот кој ја прекрши Заедничката декларација на албанските партии нема кредибилитет за повикува на обединување. Али Ахмети и ДУИ подобро е да се обединат себе си па потоа да размислуваат за другите“ – напиша Касами на социјалните мрежи
Алтернатива е подготвена да биде олеснувач во прецесот на окрупнување и обединување на општествените сили кои се подготвени конечно да се пресметаат со династијата на ДУИ. Како тргнале ДУИ да ги потценуваат Албанците, уверени сме дека наместо “Тој доаѓа” ќе биде “Тој заминува” – се вели во реакцијата на Алтернатива.