Бидејќи прашањето за помилување за лица обвинети или осудени за воени злосторства добива зголемено внимание во Соединетите Држави, Меѓународниот комитет на Црвениот крст (МКЦК) ја користи можноста да објасни што вели меѓународното право.
(Станува збор за реакција во 2019 година по повод обидот на тогашниот претседател на САД, Доналд Трамп, да помилува одредени Американци кои сториле воени злосторства во Ирак и Авганистан. МКЦК истовремено се осврнува и на амнестијата за воени злоросторства што за нас е битно на денешниот ден кога се сеќаваме на маскарот кај Вејце, но и на сите воени злосторства сторени од ОНА на Али Ахмети во 2001 година. За нас е битен Вториот Дополнителен протокол на Женевските конвенции на кои во оваа реакција МКЦК посебно се осврнува. Законот за амнестија беше донесен во 2002 година, кога министер за правда беше Иџет Мемети, кој со години се трудеше тој да ги опфати и воените злосторства.
Подоцна, Мемети беше долгогодишен народен правобранител.
За таа цел, во 2008 година Собранието донесе автентично толкување на Законот со кое беше потврдено дека амнестијата се однесува и на случаите кои за Али Ахмети и неговата ОНА беа изнесени и пред Судот во Хаг, но Карла дел Понте ги врати предметите на гонење во РМ.
Тоа никогаш не се случи, иако меѓународното право вели дека амнестија не смее да има. Никаква реакција од западната меѓуанродна заедница досега немало во врска со ова, иако се мешаат и низа банални работи. Амнеситјата на воените злосторства не била никогаш спомената во негативен контекст ниту во извештатите на Стејт Департментот, ниту пак во извештатите на ЕУ, дури и кога РМ добивала оценки дека ги исполнува критериумите за почеток на преговорите. За сметка на ова, пак, ДУИ исполнува се што ќе им биде кажано, а во меѓувреме, тоа дополнително го наплаќаат со криминал).
Ова е ставот на МКЦК:
ПОМИЛУВАЊА
Помилувања може да бидат дадени на лица кои биле осудени за кривично дело и кога се користат разумно, тие се важна и легитимна компонента на правните системи низ целиот свет. Помилувањата исто така можат да бидат контроверзни и важно е процесот на помилување да ги балансира интересите на обвинетиот или осуден поединец со интересите на правдата и поширокото општество. Овие пошироки интереси може да вклучуваат потреба за одговорност и жртвите да видат дека правдата како задоволена. Во случај на вооружени конфликти, други релевантни фактори, сметаат дека помилувањето за воени злосторства може да ја намали воената дисциплина (војнците ќе продлжат да ги вршат, иако се обврзани тоа да не го прават) или угледот и безбедноста на земјата, доколку не се справи со повредата на меѓународното хуманитарно право (МХП) со доволна сериозност.
Помилувањата исто така може да ги одвратат другите да не пријавуваат прекршоци, што може да придонесе за атмосфера што ќе дозволи повредите да продолжат.
ПОМИЛУВАЊЕ НАСПРОТИ АМНЕСТИЈА
Помилувањата се чин на прошка од извршната власт на земјата (обично претседателот или премиерот) за укинување на казната и враќање на граѓанските права на една личност, без поништување на осудата.
Амнестијата е законодавен или извршен акт со кој се забранува кривична истрага или гонење на поединец или, почесто, на група, често во врска со дела извршени за време на вооружен конфликт. Амнестиите обично ги сопираат сите казни што претходно биле изречени. Во некои земји, разликата помеѓу двата процеса не е јасна и поединци или групи се „помилувани“ пред судење во одредени инстанци.
Доделени помилувања по пресудата генерално се повеќе слични на милост, отколку на амнестија. МХП не се осврнува на помилувањата како што е разбрано погоре (т.е. пост-осудување). Сепак, содржи правила што се однесуваат на доделувањето и обемот на амнестиите. Според ова тело на закон, државите/владите мора да истражат и да ги казнат воените злосторства, инаку познати како сериозни повреди на МХП. Покрај тоа, државите не можат да обезбедат амнестија за воени злосторства, кои вклучуваат убиства, тортура, сексуално насилство, напади врз цивили и низа други прекршоци кога се сторени за време на вооружен конфликт.
Државите можат да усвојат одредени мерки за време и по војната за да промовираат помирување и мир, од кои едната е понуда на амнестија преку посебни договори, законодавство или други мерки. Ваквите мерки можат да бидат ефикасни што ќе им овозможат на заедниците и нациите да започнат да ги лекуваат раните од војната и општествата да одат напред. Всушност, според Вториот Дополнителент протокол на Женевските конвенции што се применуваат на немеѓународните вооружени конфликти, т.е. војни што вклучуваат барем една вооружена група што не е оформена од државата и обично се случуваат во дадена земја (ваков беше слуачјот кај нас во 2001 година, бидејќи официјално не беше прогласена агресија од Косово), властите мора да се обидат да дадат најширока можна амнестија на крајот на непријателствата.
Забележителен исклучок – и ова е важно – лицата осомничени, обвинети или осудени за воени злосторства се исклучени од амнестија, според вообичаеното МХП. (Меѓународното обичајно право се состои од правила што доаѓаат од „општата практика прифатена како закон“ и постојат независно од договорното право). Обичајното право е недвосмислено дека и во меѓународните вооружени конфликти (т.е. прекуграничните војни меѓу спротивставените војски) и во воннародните вооружени конфликти, владите мора да ги испитаат воени злосторства, наводно, извршени од нивни државјани или вооружени сили или на нивна територија, и доколку е соодветно, да ги гони осомничените.
Во однос на амнестијата, целта не треба да биде да им се овозможи на воените злосторници или на оние за кои се сметаше дека сериозно ги прекршиле законите на војување, да избегнуваат казна за своите постапки. МКЦК смета дека почитувањето на меѓународното хуманитарно право треба да претставува најголема грижа за државите и кога ќе бидат изнесени сериозни обвинувања поткрепени со доволно докази, случаите треба да продолжат на судење со цел да се обезбеди непристрасно испитување на доказите.
УЛОГАТА НА МКЦК
Како строго неутрална, независна и непристрасна хуманитарна организација, МКЦК не учествува во политиката. Ние го признаваме и почитуваме сувереното право на владите да донесуваат одлуки засновани врз нивното домашно законодавство. Не е наше место да коментираме јавно за правичноста или исправноста на одредено помилување или амнестија, а сите проблеми што може да ги имаме во врска со конкретна одлука се изнесени билатерално и доверливо со соодветните органи. Со тоа, МКЦК е мандиран од државите преку Женевските конвенции и нивните дополнителни протоколи да промовираат и да дејствуваат како чувар на меѓународното хуманитарно право. Како такво, кога ќе се појават дебати во јавниот домен за прашања поврзани со законите на војната, нашата улога и одговорност е да привлечеме внимание на она што го кажува МХП.