Меѓународен тим научници почна истражување на локалитетот Дурупанар во источна Турција, со цел да се утврди дали објектот со форма на брод содржи остатоци од арката на Ное.

Во рамки на истражувањето ќе бидат применети современи методи, меѓу кои подземно геофизичко снимање, дигитално мапирање, анализа на почвата и дупчење. Локалитетот за првпат ќе биде предмет на сеопфатно научно истражување.

Со истражувањето раководи професорот Ченкер Атила од Одделот за археологија при Универзитетот Сивас.

Теренските истражувања ќе траат до септември, по што примероците ќе бидат анализирани во повеќе лаборатории.

– Се очекува конечните резултати од истражувањето да бидат готови до крајот на мај 2027 година, по што ќе бидат објавени во неколку научни трудови, изјави професорот Атила.

Формацијата Дурупанар првпат била идентификувана во 1959 година од турскиот армиски капетан Илхан Дурупанар.