Меѓународна атлетска ноќна трка ќе се одржи денеска во Скопје, со старт во 17 часот од пред Триумфалната капија, а по повод Денот на ослободувањето на Скопје -13 Ноември.
Трката е во организација на Атлетската федерација на Македонија, во соработка со Град Скопје и Агенцијата за спорт и млади.
Трката ќе биде во две должини, на 4км и 10км.
Во рамки на атлетската трка АФСМ согласно Календарот за натпревари ќе го организира и Националното првенство на 10км на пат за 2022 година.