Ормуската Теснина останува „премногу опасна за транзит на трговски бродови“, објави Меѓународната поморска организација (ИМО), пренесе денеска агенцијата Блумберг.

Генералниот секретар на Меѓународната поморска организација со седиште во Лондон, Арсенио Домингез, изјави дека Ормуската Теснуна останува „премногу опасна за транзит на трговски бродови“ и додаде дека околу 6.000 морнари се уште се блокирани.

Домингез повика на спроведување мерки за подобрување на условите за навигација.

Според него, не постои законска основа за собирање на транзитната такса во Ормуската Теснина.

„Сакам да ја нагласам потребата од почитување на меѓународното право, земјите да ги следат упатствата на организацијата и компаниите да не преземаат ризик од транзит низ мореузот, со оглед на нестабилноста на моменталната ситуација“, додаде тој.

Ормуската Теснина е блокирана додека тензиите меѓу САД и Иран ескалираат.