Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска објави дека непоколебливо и цврсто стои зад својот персонал, откако САД воведоа санкции врз претседателката на тој суд, Томоко Акане.
„Рестриктивните мерки од страна на државите насочени кон судиите, обвинителите и персоналот што работи на исполнување на мандатот на МКС го поткопуваат владеењето на правото“, се вели во соопштението на МКС.
САД воведоа санкции врз јапонската судијка Томоко Акане, која е претседателка на МКС, во најновата ескалација на кампањата предводена од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп против судот што ги гони воените злосторства, геноцид и злосторствата против човештвото.
МИА




