Експертската мисија на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) денеска ќе го објави извештајот за ситуацијата во најголемата нуклеарна централа во Европа, Запорожје, што е под руска окупација.

Двајца од шестчлената мисија постојано ќе останат во нуклеарната централа Запорожје.

Генералниот директор на МААЕ, Рафаел Гроси денеска ќе објави извештај за нуклеарната безбедност во Украина, вклучително и наодите од Мисијата испратена до нуклеарната централа Запорожје. Гроси во текот на денот ќе го информира Советот за безбедност на Обединети нации за мисијата во нуклеарната централа, се наведува во соопштението на МААЕ.

Украинскиот шеф на управата на Запорожје, Олександр Старук, денеска објави дека не се чека само извештајот туку и одлуки.

Не чекаме само извештај за ситуацијата, туку и јасни одлуки. Нуклеарната централа и областа околу неа мора да се демилитаризираат што е можно поскоро, наведе Старук.