Поранешната британска премиерка Тереза ​​Меј го обвини нејзиниот наследник Борис Џонсон за планот за забрана за патувања. Меј оценува дека со тоа Џонсон ќе ја „затвори Велика Британија од остатокот на светот“.

Таа во британскиот Парламент, за време на вчерашната дебата, рече дека без меѓунардони патувања нема светска Велика Британија, пренесува „Тајмс“.

Таа доби поддршка од двајца членови на нејзината Конзервативна партија, потенцирајќи дека таквата мерка ќе биде непропорционална и ќе предизвика економска штета.

Во исто време, таа предупреди дека ќе има безбедносни импликации доколку дојде до конечен Брегзит без договор, што  доведе до губење на соработката во однос на размената на разузнавачки податоци со Европа.