Британската премиерка Тереза Меј денеска го поздрави заедничкото соопштение на групата Г-7, кое, како што истакна таа, ја препознало потребата да бидат продолжени санкциите за Русија, иако американскиот претседател Доналд Трамп изнел предлог Русија да се врати во групата.
Меј исто така, ја повтори потребата да се избегнат акциите „мило за драго“ во трговскиот спор меѓу Европската унија и САД.
– Велика Британија го регистрираше нејзиното „длабоко разочарување за неоснованата одлука на САД да ги промени тарифите за увоз на челик и алуминиум од ЕУ“, истакна британската премиерка.