Британската премиерка Тереза Меј нагласи пред пратениците конзервативци дека нема да ги предводи на следните избори.

Таа имаше состанок со пратениците од Конзервативната партија во Долниот дом пред тие да гласаат за нејзина доверба. Меј призна дека постои отпор против тоа таа да ја води партијата на следните избори.

Во исто време ги предупредила и за тоа дека сега е многу лош момент за смена на лидерот и нагласила дека брегзит треба да се спроведе навреме. Меј, според пратиски претставник, нема да свика предвремени парламентарни избори до реодвните во 2022 година и нема да ги предводи конзервативците на тие избори.

Предвидено е дебатата да почне во 19 часот и да трае околу два часа. Резултатот ќе биде познат по 22 часот. Се очекува Меј да добие  гласање на доверба вечерва.