Британскaта премиерка Тереза ​​Мај, наводно, обезбедила договор со кој Британија ќе остане во царинската унија по брегзит и со тоа ќе се воспостави цврста граница со Ирска, со што ќе се реши најголемиот проблем во преговорите со ЕУ, објави британскиот весник Сандеј Тајмс.

Меѓутоа, портпаролот на британската влада ги нарече „шпекулации” наводите на Тајмс дека премиерката Мај направила отстапки за Брисел за да се реши т.н. „Ирско прашање“.
Портпаролот потврди за германската агенција ДПА само за „добар напредок” во преговорите.

Лондон и Брисел не можат да се договорат за тоа како да се оневозможи враќањето на т.н. тврда граница меѓу Република Ирска и Северна Ирска, која е дел од Велика Британија со која ја напушта Европската унија во март 2019 година.