Британската премиерка Тереза Меј отфрли повици за одлагање на напуштањето на Велика Британија на Европската унија.
Таа ддоаде дека ќе направи напори да го „протурка“ во Парламентот нацрт законот за брегзит.
Меј нагласи дека води се уште разговори со пратеници од својата партија и од опозицијата за нивните загрижености во врска со зделката пред да се обрати пак до евролидерите. Европската унија повтори дека договорот за напуштање не може повторно да статви на разгледување.