Претседателот на Косово, Хашим Тачи изјави денеска дека позитивно ќе одговори доколку добие повик од Специјалниот суд за воени злосторства на ОВК.

– Ако има каков било повик во кој било момент ќе одговорам со целосна транспарентност, изјави Тачи.

Тој ги повика и другите истото да го направат.

Минатата недела судот во Хаг почна со сослушување поранешни припадници на ОВК. Во Хаг досега се сослушани двајца поранешни команданти на ОВК, Рустем Мустафа Реми и Сами Љуштаку. Тие се појавија во Хаг поради извештај на специјалниот известител на Советот на Европа, Дик Марти во врска со злосторства на високи приапдници на ОВК.