Британската премиерка Тереза Меј отвори денеска петдневна расправа во Парламентот за брегзит, со повик до пратениците да го поддржат договорот кој го договори за Британија со Европската унија.

Меј се соочува со противење за договорот со низа политички аспекти, а претходно изгуби две гласања во Парламентот – Првото потенцијално би можело да им овозможи на пратениците да стават амандмани на нејзиниот договор, а по второто владата мора да објави целосно правно мислење за договорот за брегзит.

По тие гласања таа побара од пратениците компромис и поддршка за договорот со ЕУ.

Таа рече дека имаат избор: – Овој договор, без договор или без брегзит.

Според неа, поделбите до државата дополнително би се зголемиле кога владата би одлучила да одржи нов референдум за членство на државата во ЕУ.

– Тој аргумент веќе долго се повторува. Тој ја нагризува нашата политика, а животот е компромис, нагласи Меј отворајќи расправа во Парламентот за брегзит, пред гласањето на 11 декември.