Британската премиерка Тереза Меј побара од Европската унија одложување на брегзит до 30 јуни. Тоа се наведува во писмо што таа го испратила до Брисел по околу 1.000 денови откако беше одржан референдум за напуштање на Унијата.
Британија се уште според неа, сака да ја напушти Европската унија.
Според сегашните одлуки, Лондон треба да ја напушти ЕУ на 29 март.
– Учеството на европските избори во мај ќе биде неприфатливо и нема да биде во интерес на никого, додаде таа.
За одобрување на одложување потребна е согласност од земјите членки на Европската унија. Се очекува утре Меј да допатува во Брисел на разговори со челниците на Европската унија.