Регулаторите на ЕУ одредија парична казна од 1,49 милијарди евра за Гугл поради злоупотреба на доминантна улога во онлајн рекламирањето.

Комесарката на ЕУ за конкуренција, Маргрет Вестагер, денеска ги објави резултатите од долгата истрага во случајот за сервисот на Гугл – АдСенс (Google AdSense).

Тоа е третпат Европската комисија да го казни Гугл за прекршување прописи.

Гугл беше казнет минатата година со рекордни 4,34 милијарди евра по истрагата за оперативниот систем Андроид, додека во 2017 година, случај за резултатите од пребарувањето за онлајн шопинг ја чинеа американската компанија 2,42 милијарди евра.