Британската премиерка Тереза Меј беше принудена да ја откаже планираната владина седница за одобрување на договорот за Брегзит.

Според владини извори, договорот не може да биде готов до утре, со што се намалува можноста во ноември да се одржи посебен самит на ЕУ за одобрување на договорот.

Меј одлучи да се откаже од седницата откако договорот беше загрозен од отпор во нејзината Влада и во Брисел.