Кевин Мекарти, републиканец, поранешен спикер на американскиот Претставнички дом, ги коментира за Фокс њуз бизнис гласините дека демократите размислуваат за друг претседателски кандидат, наместо Џо Бајден, по неговиот убедлив пораз и очајно слаб настап на првата претседателска дебата со Доналд Трамп.
Водител:
Кевин, може ли да те прашам нешто? И покрај сите деманти од Демократската партија дека со сигурност ќе го сменат Џо Бајден како претседателски кандидат, сигурно знаете дека водечките демократи се дистанцираат, го остават на цедило Џо Бајден. Моето прашање до тебе е како би го направиле тоа? Дали ќе одат на конвенцијата и легитимна борба за претседател и потпретседател, или што?
Кевин Мекарти:
Тие не можат. Знаете, единственото нешто што го направија демократите откако Џо Бајден стана претседател беше промена на правилата. Запомнете, Ајова и Њу Хемпшир беа првите две држави за првичните избори. Тој го смени тоа да биде Јужна Каролина, а потоа се бореа да се осигураат дека никој друг не може да биде на гласачкото ливче против него. Тие го создадоа овој проблем, а единствениот начин на кој Џо Бајден може да излезе од гласачкото ливче е ако тој одлучи да се повлече. Кога зборувате за демократите кои велат дека демократијата е на гласачкото ливче, дали можете да замислите да ставите некој друг на гласачкото ливче отколку што народот всушност одлучил на демократски начин, поминувајќи низ сите овие прелиминарни избори? Џо Бајден ќе биде номиниран. Џо Бајден нема да се откаже од тоа. Зошто? Затоа што и Џил (сопругата на Бајден, н.з.) не сака да се откаже од тоа. Она што ми е интересно е што долго време разговарав за овие проблеми со Џо Бајден. Научив кога преговарав со него дека всушност, не можеш да преговараш со него, туку само со неговиот персонал. Мора да преговарате со персоналот. Сето ова му го кажав на Вол Стрит Журнал; излегоа со приказна, а сите не критикуваа. Знаете, Morning Joe рекоа дека Џо Бајден е најдобриот што некогаш бил, а потоа утрово, тој вели дека треба да има некој друг да го замени.
Водител:
Да, секако, тоа е нивната позиција. Така што ќе прашам уште еднаш. Не викај по мене, само се обидувам да се распрашам овде. Џо Бајден не е официјално номиниран, нели? Тој треба да биде номиниран од конвенцијата. Така мислев…
Кевин Мекарти:
Но, тој ги има делегатите. Тие ги немаат суперделегатите. Мора тој сам да се отстрани. Тие го натераа Охајо да треба да го потврди тоа дури и пред да дојдат на конвенцијата. Затоа тој мора да ја донесе одлуката, но вистинското време ќе беше пред една година пред да почне да кандидира.
Водител:
Значи, тие не мора – делегатите на демократите на конвенцијата не мора да имаат некаков вид проформа гласање и да го номинираат Џо Бајден?
Кевин Мекарти:
Да, но тие го започнуваат тоа пред време бидејќи мораа да го задржат на гласачкото ливче во Охајо.
Водител:
Па, тоа не е демократија. Тој вели дека е за демократија. Нема ништо демократско во тоа.
Кевин Мекарти:
Да, и ги сменија правилата за да го заштитат. Наместија и го исфрлија Кенеди од гласачкото ливче. Пробуваат се што можат за да нема конкуренција. Тие ги диктираа правилата на дебатата. Мораше да биде CNN, да нема публика, нели? И претседателот Трамп, нели, рече: „Ќе те дебатирам било каде, во било кое време, на било кое место, на било какви правила“. И го победи. И ова е разликата со она што го кажува Обама. Обама имаше лоша дебата, нели, неговата прва дебата. Но, Џо Бајден не е Обама. Неговиот проблем се годините. Не е ни она што го кажа, туку само изгледот на тоа што го правел, неговите постапки, сите знаат дека тој не е истиот човек што беше.