Мексиканскиот претседател Андрес Мануел Лопез Обрадор телефонски разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп за проблемот со миграцијата и заеднички план за решение, објави Обрадор на Твитер.
Двајцата претседатели разговарале за можност за создавање заедничка програма за развој и вработување во Централна Америка и Мексико, наведува Обрадор.
Белата куќа засега не го коментираше разговорот на Трамп со Обрадор. Илјадници мигранти живет во пренатрупани засолништа и кампови во Тихуана по патување низ Централна Америка бегајчи од сиромаштија и насилства.