Турски брз воз се судри со локомотива по што удрил во надвозник на железничка станица во Анкара при што загинаа најмалку седум луѓе и повреднеи се 46.

Брзиот воз, кој сообраќал од Анкара кон централната провинција Конва удрил во локомотива која служи за инспекција на пругата. При несреќата, која се случи во 6.30 часот по локално време, два вагони од возот излетале од шините.

Министерството за транспорт и инфраструктура соопшти дека локомотивата, која извршувала инспекција на пругата, не требало да се наоѓа таму во моментот на несреќата.

Анкарското обвинителство отвори истрага за случајот.