Коски на повеќе од 60 мамути се пронајдени на градилиште за време на работата на новиот аеродром „Фелипе Анхелес“ во Мексико Сити, соопшти Националниот институт за антропологија и историја.
Се смета дека коските се од пред 15.000 години и припаѓаат на колумбискиот мамут.
За време на изградбата на аеродромот, пронајдени се коски од бизони, камили, коњи, луѓе, како и разни предмети.
Откритијата ќе го забават завршувањето на работите за изградба на аеродром во Мексико Сити, а Националниот институт за антропологија и историја соопшти дека остатоци од 14 мамути биле пронајдени во областа Тултепека минатата година.