Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен северозападен ветер, поизразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 4 до 12, а дневната од  19 до 25 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 7.

Во Скопје, сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец. Утринската температура ќе се спушти до 9, а дневната ќе достигне до 23 степени.

Во следните денови ќе дува умерен, повремено засилен северен ветер. Во недела во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Понестабилно време се очекува во вторник и среда.