Мексиканските власти соопштија дека ја отвориле границата за жени и деца, од „караванот“ со илјадници мигранти, најголем дел од Хондурас, и кои чекаат на граничен мост со Гватемала во надеж дека ќе стигнат во САД.

Мексиканскиот амбасадор во Гватемала, Луис Мануел Лопез изјави дека властите во Сиудад Мексико решиле да им дозволат на жените и децата што се наоѓаат на границата да влезат во Мексико.

Според него, тие ќе бидат регистрирани од страна миграциските служби, по што ќе бидат сместени во прифатен центар во Тапачула, на околу 40 километри од градот Сиудад Идалго, во централниот дел на Мексико.