НАТО се подготвува за најголема воена вежба од Студената војна – околу 50 илајди војници, илјадници тенкови и авиони, ќе бидат во Норвешка идниот викенд за да вежбаат одговор на евентуален напад врз Алијансата.

Вежбата наречена Trident Juncture, ќе се тестираат плановите на НАТО развиени по анексијата на Русија на  Крим во 2014 година. Тој потег на Русија ги заостри односите меѓу западните сојузници и Москва.

НАТО реагираше со јакнење на својата одбрана. Од Алијансата наведуваат дека вежбата Trident Juncture,  не е насочена ни против една држава и дека тоа е одговор на измислено сценарио.

– Тоа се како што добро знае Русија, одбранбени вежби, изјави американскиот министер за одбрана Џејмс Матис.

– Ако се стави тоа во каков било вид офанзивен или дестабилизирачки контекст, би било погрешно интерпретирање, додаде тој.

– Русите не треба да се плашат, коментираше геенрал Рун Јакобсен, началник на норвешкиот Генералштаб.

НАТО најави дека освен воените контигенти од сите 29 држави членки, како ипартнерите Шведска и Финска. Ќе учествуваат околу 10.000 тенкови, 150 авиони и 60 бродови.