Маж обвинет дека силувал и убил шестгодишно девојче бил жив запален во местото Какахоатан во јужниот дел на Мексико, соопштија властите во сојузната држава Чиапас.

Група граѓани го фатиле Алфред Роблеро и го обвиниле за силување и убиство на дете, чие исчезнување е пријавено вчера од страна на семејството. Обвинителството соопшти дека Роблеро е претепан, врзан за дрвена конструкција, полиен со бензин и потоа запален. Полицијата не успеала да му го спаси животот.

Обвинителството предупреди дека нема да дозволи граѓаните да ја земаат правдата во свои раце и ќе покрене истрага за линчувањето.

Мексико е земја се најголем број извршени кривични дела во светот. Од декември 2006 година, кога почна офанзивата на федералните власти против нарко картелите, регистрирани се повеќе од 250.000 убиства.