Најмалку 64 политичари се убиени во последните шест месеци во Мексико и се смета дека тоа има врска со парламентарните и регионалните избори во јуни годинава, соопшти локалната Владат.
Насилството во Мексико пред избори, особено локалните, обично го вршат картели кои се занимаваат со трговија со дрога.
– Организираниот криминал се обидува да влијае на текот на изборите, рече министерката за безбедност Роза Исела Родригез.
Таа наброи 73 случаи на политичко насилство, вклучувајќи 64 убиства. Министерката не прецизираше колку меѓу нив се кандидати за изборите на 6 јуни.
Владата најави зајакнување на заштитата на ранливите кандидати.
Најчесто насилство врз политичарите се убиства, киднапирања, закани кон роднини, подметнување пожари и изнуда.