Изминатата година во 68 земји во светот од пооследици од Ковид-19 починаа 840 новинари, соопшти швјцарската невладина организација „Прес емблем кампањ“ (Press Emblem Campaign).

Во соопштението на ПЕЦ се истакнува дека тоа е најголем број на починати медиумски работници од крајот на Втора светска војна. Во 2020 година секој ден по двајца новинари биле жртви на Ковид-19.

Најголем број на починати новинари има во јужноамериканските земји односно 458.

Во Азија од последици од Ковид-19 починале 151 новинар, во Европа – 147, во Северна Америка – 45 и во Африка – 39.

Во Перу за време на пандемијата починаа 108 новинари, во Бразил -102, во Мексико – 87, во Индија – 56, во Италија – 46 и во Турција од последици од Ковид-19 починале 21 новинар,

ПЕЦ истакнува дека најверојатно е поголем бројот на починати новинари, бидејќи не сите смртни случаи не биле тестирани.