Мексиканската полиција заплени големо количество на дрога во градот Тихуана, во близина на границата со САД.

Запленети се 301 кутија со марихуана со тежина од 3.607 килограми и 21 кутија со метамфетамини, тешки 565 килограми.

Според прелиминарните процени вредноста на запленетата дрога е околу 3,5 милиони долари.

Илегалната пратка е откриена со рентгенски скенер.