Земјотрес со интензитет од 6,6 степени според Рихтерова скала е регистриран денеска на границата меѓу Мексико и Гватемала, соопшти Европскиот средоземноморски сеизмолошки центар.
Епицентарот на потресот се наоѓал на девет километри северозападно од граничниот мексикански град Фронтера Идалго и на 183 километри западно од гватемалскиот главен град Гватемала Сити. Земјотресот е почувствуван во јужниот дел на Мексико, како и во Гватемала и Белизе.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.