Лондон, 16 октомври 2018 (МИА) – Поранешната „Спајс девојка“ Мел Би ја објави автобиографијата, која според многумина содржи досега непознати и сочни детали од нејзиниот приватен живот. Книгата е насловена „Брутално искрена”, а во неа, на пример, „спајсицата“ признава и дека се обидела да се убие во 2014 година.

Имено, тогаш „животот и бил далеку од гламур и сјај“, па еден ден решила да испие 200 таблети. А, тоа и бил втор обид за самоубиство. За тоа го обвинува својот поранешен сопруг Стивен Белафонте, кој, како што таа вели, со години ја злоставувал.

Мел Би била и зависничка од кокаин, а во тој пекол завршила сакајќи да се оттргне од депресијата.

– Додека бев во жирито на „Америка има талент“, на секоја пауза излегував од студиото и шмркав кокаин, пишува Мел, признавајќи дека дрогата е поголема пропаст од депресијата.

По разводот, почнала да оди на пластични операции, па и на „подмладување на в*гината“.

Во бракот со Белафонте, таа сакала и „секс-тројки“, и тој да ги снима. Честопати во таа игра, таа повикувала и славни личности, при што Рита Ора, на пример, ја одбила.

Брачната двојка се разведе во декември 2017 година.