По веста дека Меланија и Доналд Трамп се заразени со коронавирусот, на Twitter се огласи Меланија, откривајќи како се чувствуваат.
„Како голем број Американци оваа година, Доналд Трамп и јас сме во домашен карантин откако тестирањата покажаа дека сме позитивни на COVID-19. Се чувствуваме добро, но ги одложивме сите понатамошни обврски. Ве молам да се чувате, сите заедно ќе го пребродиме ова“, порача првата дама на САД.
As too many Americans have done this year, @potus & I are quarantining at home after testing positive for COVID-19. We are feeling good & I have postponed all upcoming engagements. Please be sure you are staying safe & we will all get through this together.
— Melania Trump (@FLOTUS) October 2, 2020